fbpx

КИНГ ИЦТ @ НАТО Индустриски ден во С. Македонија

Во Скопје (С. Македонија), се одржа НАТО ИНдустрискиот ден што им дава одлична можност на компаниите подобро да ги разберат процесите за набавки, правилата и регулативите на NSPA (NATO Support and Procurement Agency).

Тоа е настан кој има за цел поврзување на НАТО со индустрискиот сектор, т.е. компаниите кои имаат потенцијал да соработуваат со НАТО или да обезбедат производи и услуги кои се потребни на НАТО алијансата. Тука спаѓаат компаниите кои се занимаваат со технологија, телекомуникации, логистика, инженерство и слично.

Настанот и даде можност на индустријата во С. Македонија да дознае повеќе за работењето со НАТО и неговите процеси за набавки преку Агенциите NCIА(НАТО Агенцијата за комуникации и информации ) и NSPA(НАТО Агенцијата за поддршка и набавки).

Нашите колеги од КИНГ ИЦТ Македонија присуствуваа на настанот, а КИНГ локално доби Декларација за подобност (Declaration of Eligibility), што значи дека може директно да соработува со NCIА (НАТО Агенцијата за комуникации и информации )   и да дава поддршка на КИНГ ИЦТ Хрватска за проекти во регионот. За да се квалификува за Декларацијата, КИНГ ИЦТ Македонија исполни големи технички, административни и финансиски услови.

“НАТО Индустрискиот ден беше одлична можност за нас и потврдa дека сме на вистинскиот пат. Среќни сме што како  македонска подружница имаме отворена можност активно да соработуваме со КИНГ ИЦТ (Хрватска), да изградиме искуство и да го зајакнеме локалниот тим“, изјави Бојан Славковиќ, раководител на секторот за продажба во КИНГ ИЦТ Македонија.

“Горди сме што КИНГ ИЦТ може да се потпре на нас како подружница и на нашиот локален тим за проекти во овој дел од Европа (Македонија, Албанија, Косово, Грција, Бугарија). Огромна предност е што нашата “мајка“ компанија (КИНГ ИЦТ Хрватска) има искуство во соработка со NCIA(НАТО Агенцијата за комуникации и информации )  и што несебично го споделува тоа искуство со нашиот локален тим“, заклучи Бојан.

NCIA (НАТО Агенцијата за комуникации и информации ) и КИНГ ИЦТ

КИНГ ИЦТ и НАТО имаат добра соработка веќе долги години. Потсетуваме дека на почетокот на 2023 година, NCIА (НАТО Агенцијата за комуникации и информации ) потпиша два договори  за  ”Indefinite Delivery Indefinite Quantity” (IDIQ)  со КИНГ ИЦТ (Хрватска) и IBM Белгија, за обезбедување услуги за имплементација и конфигурација во областа на сајбер безбедноста за целите на NATO Enterprise . Изминатата година, КИНГ ИЦТ успешно испорача SIEM решение за НАТО Агенцијата.