fbpx

КИНГ ИЦТ БиХ успешно го имплементираше проектот eCitizen (еГраѓанин)

Во рамки на Проектот за општински, еколошко и економско управување (МЕГ) финансиран од владата на Швајцарија и спроведен од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), КИНГ ИЦТ БиХ разви мобилна апликација eCitizen којашто ќе ја олесни комуникацијата помеѓу граѓаните и локалните власти. eCitizen овозможува едноставна и транспарентна комуникација помеѓу граѓаните и локалната самоуправа и им овозможува на граѓаните да испраќаат прашања до локалната самоуправа во само 5 клика, додека одговорот следува во рок од 48 часа. Апликацијата исто така служи за информирање на јавноста во непредвидени и вонредни ситуации, како што се прекини во услугите и сервисни информации. Особено е корисна во време на криза и ќе може да се применува низ целата земја.

„Граѓаните најдобро знаат што им е потребно, дотолку повеќе во време на криза. Преку апликацијата eCitizen, граѓаните имаат пристап до нови и атрактивни начини за искажување на своите потреби и грижи до локалните власти во БиХ“, изјава Барбара Детвилер Шојер, директор за соработка во швајцарската амбасада во БиХ.

„Оваа апликација ја забрзува комуникацијата помеѓу граѓаните и локалната власт, со што придонесува за поефикасна работа на јавната администрација, кон што КИНГ ИЦТ дава придонес преку своите проекти веќе со години. Како пионери во проектите за е-управа, нашата компанија е особено горда на ова решение, кое, не само во кризни ситуации, туку и во секојдневниот живот, придонесува за подобрување на локалните заедници. Решението eCitizen е доста флексибилно и со минимални прилагодувања може да се користи на сите административни нивоа“, порача Адис Побриќ, директор на КИНГ ИЦТ БиХ.

Мобилната апликација е прилагодена за Android и IOS и може да се преземе преку страниците Google Play и App Store. Софтверското решение на КИНГ ИЦТ е исто така достапно како онлајн-платформа на www.ecitizen.ba. На онлајн-платформата наскоро ќе бидат активни модулите за комуникација на граѓаните со советниците, модул за јавни расправи, модул за подготовка на седници на совети/собранија и слично.

Дополнителни функции ќе бидат достапни само на онлајн-платформата. Софтверот нуди и опција „прашај го (градо)началникот“, каде со помош на Службата за информирање, граѓаните ќе добиваат информации за комуналните потреби и проблеми во рок од 48 часа.