fbpx

КИНГ ИЦТ беше награден со признанието SAP Cloud Partner 2019

КИНГ ИЦТ беше награден со признанието SAP Cloud Partner 2019 за продажните резултати во изминатата година. Ова е четврта година по ред како го добиваме признанието како најуспешен партнер на SAP во Хрватска во една од продажните категории – cloud-претплата, on-premise-лиценци или во двете категории.

Признанието  беше доделено на kick-off партнерскиот настан одржан во Клубот на писателите на 25 февруари и го докажува нашиот фокус кон т.н. „решенија во облак“, што го демонстриравме со приклучување кон партнерската иницијатива SAP Cloud Focus. Клучните SAP производи во облак за кои КИНГ ИЦТ развива компетенции се решението за HXM – SuccessFactors, потоа за набавка и договарање – SAP Ariba, CX rješenja- SAP Marketing Cloud, SAP Sales Cloud i Qualtrics, како и за продуктивна анализа и известување – SAP Analytics Cloud.

Покрај наведеното, Кинг ИЦТ обучи тим за развој на решение на SAP Cloud Platform, кој минатата година ја изработи апликацијата наречена Utility Worker (Комунален работник), наменета за теренските работници на комуналните служби.