Врз основа на постигнатите резултати и добиените стручни сертификати, КИНГ ИЦТ успешно го потврди највисокото ниво на партнерски статус на Dell EMC.
Одржувајќи високо ниво на стручност и посветеност во рамки на Партнерската програма на Dell Technologies, КИНГ ИЦТ го потврди највисокиот, односно „Титаниум статусот“, веќе втора година по ред. КИНГ ИЦТ е единствената компанија во регионот на ЈИЕ со наведениот партнерски статус на компанијата DELL EMC.
Растот на КИНГ со Dell Technologies е резултат на долгогодишната соработка со DELL EMC, што го нуди врвната партнерска програма заснована на три принципи – едноставност, предвидливост и профитабилност. Статус Титаниум им овозможува на партнерите пристап до ресурсите и најновите технологии потребни за обезбедување на највисок квалитет на услугите за клиентите.
Затоа сме крајно горди на ова, за нас, големо достигнување.