Откако минатиот месец го стекнавме статусот SAP Recognized Expertise за областа Travel and Transportation (патувања и превоз), во јуни го обновивме статусот SAP Recognized Expertise за Utilities.
Овој статус го стекнавме за првпат во 2019 година, а SAP преку проверка на резултатите, компетенциите, референците и задоволството на клиентите, одобрува продолжување на статусот во редовни интервали. Работејќи на сложени проекти во ХЕП и благодарение на еден од најголемите тимови за SAP IS-U сертифицирани експерти, стануваме препознатлив партнер во оваа индустрија, меѓу другото и преку нашите сопствени апликации како што Utility Worker којшто го изработивме преку програмата на SAP Development Accelerator.
SAP Utilities е процесен продажно-информациски систем за поддршка на сите услуги што ги даваат комуналните претпријатија. Во време на дерегулирани пазари и сѐ поголема конкуренција, од витално значење е да се обезбеди најдобриот можен одговор на барањата на купувачите, да се користат оперативни информации прилагодени на нивните специфични барања и да се зголемат потенцијалните приходи. Како интегрирана компонента во SAP ERP, SAP Utilities им ги нуди на корисниците сите предности на сеопфатен и ефективен систем за планирање на деловните ресурси.