fbpx

Како компаниите ја користат технологијата за поуспешно работење?

МОДЕРНИ ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ….

Живееме во време на ненадејни пазарни промени и трендови кои бараат од компаниите да ги адаптираат своите деловни процеси практично преку ноќ. Повеќето компании се свесни дека е потребно да се воведат промени и реформи со цел работењето да биде усогласено со овој современ начин на работење.

Реформите на организациите можат да бидат внатрешни (ако се случуваат само во самата организација) или надворешни (ако се менува и односот кон крајните корисници).

Но, како да одлучите која реформа е најдобра и кое решение е оптимално за вашата компанија?

Многу е важно да знаете како да одговорите на тоа прашање.

Организациите често одлучуваат да креираат нови софтвери и апликации по нарачка. Сметаат дека решенијата „по мерка“ ќе им помогнат во секојдневните активности.

Впрочем, изработката и имплементацијата на таквите софтвери може да биде сложена, долготрајна и скапа. Тоа може да биде особено незгодно ако компанијата треба да спроведе реформи во краток временски рок.

 

… НО И МОДЕРНИ РЕШЕНИЈА
Затоа, голем број организации се одлучуваат за алатки како што е SAP BTP (SAP Business Technology Platform). BTP е единствената отворена платформа која спојува различни деловни апликации на едно место. BTP содржи портфолио на технологии кои ги прават компаниите

На тој начин, компаниите можат да употребуваат аналитика, автоматизација и интеграција и вештачка интелигенција. Исто така, можат подобро да управуваат со податоците, да развиваат апликации, итн. Користејќи ги алатките достапни на платформата BTP, вашата компанија целосно ќе го искористи својот потенцијал и ќе ги оптимизира деловните процеси. А, истовремено, нема да бидете принудени да инвестирате во дополнителна инфраструктура. Таа ги содржи и најдобрите светски стандарди и примери за добра деловна практика, од што компаниите од сите големини – без оглед на дејноста со која се занимаваат – можат да имаат придобивка.

Примарната цел на SAP BTP е интеграција со апликациите SAP, или апликациите од трети страни кои се наоѓаат во „облакот“ или „on-prem“ со постоечкиот ERP или други системи на кои се наоѓаат податоци. Ретко, но не исклучено, BTP се користи како самостоен „островски“ систем, со сите компоненти како база на податоци, внес на податоци, процеси, итн. без конектирање на некој од системите кои се извор на податоци.

КАКО ТОЧНО BTP МОЖЕ ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА ВАШАТА КОМПАНИЈА?

Постојат четири главни подрачја на платформата каде што може да се најдат релевантните апликации и решенија:
1. Управување со податоци и база на податоци (Database and data management),
2. Аналитика (Analytics),
3. Развој и интеграција на апликации (Application development and integration) и
4. Паметни технологии (Intelligent technologies).
Ќе објасниме како во пракса изгледа примената на овие подрачја. Подобро управувајте со податоците…

МОДЕРЕН ПРЕДИЗВИК
Во денешно време, има сè повеќе податоци за кои организациите треба да размислуваат и да ги управуваат. Затоа, прекумерната количина на податоци и неадекватното процесирање може да ја забави целата работа со тоа што ќе ги блокира деловните процеси. Вашата организација нема да биде продуктивна ако системот е слаб: ако се „губите“ во податоците или редовно размислувате што да правите со нив.

BTP РЕШЕНИЈА
BTP содржи сè што е потребно за складирање, процесирање, пристап, интегрирање и имплементирање на податоците со кои располага организацијата. Ова ѝ помага на вашата организација полесно, побрзо и подобро да управува со податоците. Алатките може лесно да се прилагодат на вашите внатрешни процеси и потреби, без потреба од ангажирање на ИТ експерти.

… и да ги ставите во поширок контекст со помош на аналитика

МОДЕРЕН ПРЕДИЗВИК
Некои податоци сами по себе не значат многу. Треба да се стават во поширок контекст за да се добие вистински увид во нивното значење. Врз основа на ова, може да се открие кои деловни потези треба да се направат. Некои модерни компании успеваат да го решат проблемот со складирање на податоци, но потоа не прават ништо со нив – наместо да го искористат нивниот најголем потенцијал.
решенија:

BTP обезбедува дополнителни алатки потребни за процесирање на податоци и понатамошно донесување релевантни одлуки. BTP ви става на располагање алатки, како што се business intelligence, проширена аналитика, соработка во планирањето, итн. Овие BTP решенија можат да извлечат податоци од самата организација, а можат и да ги комбинираат со податоци од трети извори. По извлекувањето на податоците се креираат симулации и визуелизации. Решенијата имаат имплементирано машинско учење. Затоа, меѓу другото, во податоците може автоматски да се препознаат аномалиите, како и да се идентификуваат клучните двигатели на растот.

Покрај тоа, аналитиката може да обезбеди и прогностички увиди. Врз основа на податоците се прави проценка што ќе се случува со работата во иднина. Користејќи такви предвидувања, вашата компанија може да развие план за континуитет на работењето. Ќе можете брзо и подготвено да одговорите на сите предизвици.

РАЗВИВАЈТЕ И ИНТЕГРИРАЈТЕ АПЛИКАЦИИ
Модерен предизвик:
Претходно споменавме дека организациите имаат потреба од разни апликации и алатки кои им помагаат во секојдневното работење. Впрочем, често се случува имплементацијата на некое ново решение да создаде дополнителни потешкотии во деловните процеси – наместо да ги олесни. Усогласувањето на голем број апликации може да биде сложено, проблематично, долготрајно и скапо.

BTP решенија
BTP содржи решенија потребни за изработка, развој и интегрирање на деловни апликации. Интеграцијата се врши лесно, без разлика дали апликациите се инсталирани во облакот или на локацијата на корисникот. Исто така, може да се направи и интеграција на SAP и не-SAP решенија.

Голема предност на BTP е отвореноста на платформата и силната поддршка од глобалната заедница на девелопери. Затоа, корисниците на BTP можат сами да ги развијат и прилагодат решенијата што им се потребни. Ваквиот пристап не само што го скратува процесот на имплементирање на апликацијата, туку и значително ги намалува трошоците. Ова ќе ѝ овозможи на вашата компанија брзи иновации, како и ќе придонесе за поголемо агилно работење.

 

ИСКОРИСТЕТЕ ПАМЕТНИ ТЕХНОЛОГИИ
Модерен предизвик:
Некои компании сè уште живеат во минатото и не го искористуваат потенцијалот на современите технологии. Користат застарени технологии и не размислуваат за дигитална трансформација. Таквите бизниси неизбежно заостануваат зад своите конкуренти бидејќи не ги користат сите расположливи можности.
BTP решенија: Од друга страна, постојат организации кои подготвено и брзо ги увиделе предностите на таквите технологии и ги имплементирале во своите процеси. Ова им ја отвори вратата за иден развој и им даде предност над поскептичните компании. Паметните технологии вклучуваат интернет на работите (IoT), машинско учење, вештачка интелигенција, blockchain и паметно автоматско роботско процесирање. Тешко е детално да се наведе како сите тие современи алатки можат да го променат и подобрат вашиот бизнис. Небото е граница. Едно е сигурно – ваквите технологии во иднина ќе бидат сè подоминантни и посилни и ќе биде неопходно да се користат во иднина. Тие се препознаени како такви во платформата на BTP.

ЗОШТО ДА СЕ ОДЛУЧИТЕ ЗА SAP BTP?

Модерното работење е полно со ненадејни предизвици и промени. Горенаведените предизвици за жал не се фикција, туку реалност. Загрижувачки е фактот дека некои компании трошат непотребно време и ресурси на процесирање на податоци. Исто така, може да се искористат многу податоци за да се добие дополнителна вредност од нив, а некои компании не се ни обидуваат да го сторат тоа. Голема е веројатноста дека вашата компанија веќе се соочила или ќе се соочи со најмалку еден од споменатите проблеми.

 

За среќа, живееме во време на напредни решенија и технологии кои лесно можат да ги решат наведените, а и многу други проблеми. Секоја компанија треба да размислува за тоа како најдобро да ги искористи сите можности кои ѝ стојат на располагање. SAT BTP е дефинитивно платформа која им помага на компаниите да го реализираат својот потенцијал.

Најголемата придобивка од SAP BTP е заштедата. Нема да мора да одржувате застарена технологија или да инвестирате во некоја друга инфраструктура или да инвестирате во скапи решенија „по мерка“. Истовремено, ќе ги оптимизира деловните процеси со цел организацијата да биде попродуктивна и да може повеќе да заштеди. Не е во интерес на ниту еден член на вашиот тим да троши време на непотребни активности кои можат да ги преземат BTP решенијата.

Ако сакате да дознаете повеќе, kontaktirajte nas со сигурност.