СИЛЕН ИСЧЕКОР КОН ЗАПАДНОЕВРОПСКИОТ ПАЗАР: ДОГОВОРЕН Е НАЈГОЛЕМИОТ МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ ЗА НАТО НА КИНГ ИЦТ
КИНГ ИЦТ МУ ПОМАГА НА НАТО ВО ОДБРАНАТА ОД САЈБЕР-НАПАДИ
Монс, Белгија, 9 јули 2020 година – КИНГ ИЦТ потпиша нов договор со Агенцијата за комуникации и информации на НАТО во областа на сајбер-безбедноста. Тоа е досега најголемиот меѓународен договор на КИНГ ИЦТ, а добиен е на меѓународниот тендер RFQ-CO-15569-SIEM Infrastructure Refresh (Освежување на инфраструктурата). Вредноста на основниот дел од договорот е 7,8 милиони евра.
Строгите критериуми за избор подразбираа развој на професионална понуда што го докажува потребното искуство, располагање со тим на експерти и знаење потребно за создавање оптимален дизајн и имплементација на најсовремени решенија од областа на сајбер-безбедноста и ИТ инфраструктурата.
Договорот вклучува испорака и имплементација на SIEM решенија за управување со безбедносни записи и настани со комплетна, најсовремена ИТ инфраструктура и услуги за испорака, имплементација, обука и гаранција.
SIEM решението е клучен систем во извршувањето на задачите за одбрана од сајбер-напади и ќе се користи како дел од услугите кои Центарот за сајбер-безбедност на НАТО во рамки на агенцијата NCIA ги обезбедува за НАТО.
По претходната работа на НАТО проекти, овој проект е уште еден чекор во продолжување на проширувањето на работењето на КИНГ ИЦТ на западноевропските пазари.
„Експертите во хрватските компании имаат долгогодишно знаење и искуство што се цени на меѓународно ниво. Благодарни сме им на сите кои укажаат доверба и станаа дел од тимот на овој проект со отстапувањето на ресурси. Нѐ радува што сме дел од приказната каде можевме да демонстрираме и добиеме доверба за вака важна работа. На овој проект гледаме како на одлична можност и наша е одговорноста дополнително да ги докажеме нашите способности во доставувањето решенија и услуги во најзахтевните околини и според најстрогите стандарди. Се надеваме дека ова ќе отвори многу врати за другите хрватски компании и експерти“, велат од КИНГ ИЦТ.
Веста е објавена и на službenim stranicama NCIA-a.